in

Макс Верстапен разочаран од Хамилтон после инцидентот на ГН на Велика Британија

Макс Верстапен упати удар кон ривалот за титулата Луис Хамилтон, опишувајќи ги неговите прослави како „непочитување“ и „неспортски“.

Верстапен во неделата на Силверстоун стартуваше на пол позиција, но со свијокот 9 во првиот круг тој беше надвор од трката поради инцидентот со Хамилтон.

Макс Верстапен на социјалните медиуми напиша: “Многу сум разочаран што бев тргнат надвор од трката на таков начин. Дадената казна не ни помага и не ја задоволува правдата за опасниот маневар што го направи Луис. Гледајќи ја неговата прослава после трката додека сеуште бев во болница е без почит и неспортско однесување, но одиме понатаму!”

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote