in

Што?Што?

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Постарите луѓе полесно толерираат мамурлак!

Долго време се сметаше дека мамурлакот е потешко да се толерира со возраста, како и прекумерната употреба на алкохол. Сепак, науката има поинакво мислење за ова.

Резултатите од новата студија покажуваат дека „сериозноста на мамурлакот се намалува со возраста“.

Проучувајќи ги информациите собрани од 761 лице на возраст од 18 до 94 години, истражувачите заклучиле дека кога учесниците испиле иста количина алкохол, постарите лица имале помалку проблеми следниот ден.

Истражувањето наречено „Alcohol Hangover Across the Lifespan: Impact Of Sex and Age“ тврди дека еден од најголемите фактори кои придонесуваат за полошо мамурлак кај помладите луѓе е тоа што младите пијат повеќе алкохол за пократок временски период. Исто така, младите пијат почесто.

Се разбира, нивото на мамурлак во крајна линија зависи исклучиво од тоа колку алкохол сте испиле претходната вечер. Па, ако навистина претерате со количината на алкохолни пијалоци, без оглед на тоа колку години имате, веројатно ќе мора да се соочите со многу непријатен мамурлак, пренесува Mirror.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote