in

Манчестер Сити на чекор до големото финале во ЛШ!

Екипата на Пеп Гвардиола со феноменална партија успеа да се врати од негатива и да превземе контрола врз полуфиналниот натпревар во рамките на Лигата на Шампиони против ПСЖ.

Граѓаните одлични реагираа по раниот примен погодок од ПСЖ кога Маркињос стрелаше за водство на Французите во 15тата минута по асистенцијата на Ди Марија. Оттогаш Манчестер Сити беше поконкретна екипа и го регулираше темпото на натпреварот.

Во второто полувреме, Сити успеа да изедначи преку Де Брујн во 64тата минута, а само 7 минути подоцна, Ријад Марез им донесе и пресврт на Граѓаните. Натпреварот заврши со конечни 1:2 за гостите, а реваншот се игра следната среда во Англија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote