Во рамките на Европа Лига се одигра полуфиналниот натпревар помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Рома.
Драматичниот натпревар го отвори Фернандеш во 9 минута, но Италијанците стигнаа до пресврт уште во првото полувреме, најпрвин преку Пелегрини од белата точка во 15 минута, а 18 минути подоцна Џеко го постигна вториот гол за Рома.
Во второто полувреме гледавме само една екипа на теренот, а тоа беа Црвените Ѓаволи. Тие успеаја да постигнат дури 5 погодоци. Во листата на стрелците се запишаа Погба, Гринвуд, два пати Кавани и уште еднаш Бруно Фернандеш од белата точка.