in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

ПОДГОТВЕН ОВОЈ НАЧИН, УСПЕВА КАЈ СИТЕ: Маринада од 5 состојки што ќе го подобрат вкусот на месо или риба на скара!

Подобрете го вкусот на месо, риба и морска храна или дури и зеленчук со вкусна маринада која содржи освежувачки ноти на цитросно овошје и ким.

 

Состојки за маринада:

 

 

  • 85 мл сок од портокал
    2 лажици сок од лимета
    2 лажици маслиново масло
    2 чешниња лук
    1,5 лажички семе од ким
    1 лажица кора од портокал
    1 лажица кора од лимета

Подготовка:

1. Излупете го лукот и исечете го на мали парчиња или притиснете преку преса. Изрендајте кора од портокал и лимета и исцедете го сокот од нив.
Измешајте ги сите состојки заедно со семето од ким и маслиновото масло.

2. Измешајте ги сите состојки во сад или голема пластична кеса со капак пред да ставите месо, морски плодови или зеленчук што планирате да ги скарите.

3. Зеленчук, риба и морска храна, како и пилешко треба да се маринираат најмалку 15 минути пред термичка обработка, и свинско и говедско месо најмалку половина час пред да се пече на скара. Секако, вкусот ќе биде подобар колку што ја чувате храната во маринадата.

4. Пред да ги ставите месото и рибата на скара, отстранете од површината поголеми парчиња маринада за да не изгорат. Остатокот од маринадата фрлете го.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote