in ,

Што?Што?

Марк Цукерберг повеќе не е меѓу десетте најбогати луѓе во светот

Историскиот колапс на акциите на Мета оваа недела збриша 31 милијарда долари од личното богатство на Марк Цукерберг.

Затоа повеќе не е меѓу првите 10 најбогати луѓе во светот.

Неговото богатство моментално се проценува на 84,8 милијарди долари, што го става на 12-тото место на листата на милијардери на Форбс, пренесува Кликс.

Акциите на Мета во четвртокот забележаа рекорден еднодневен пад по разочарувачката прогноза за приходите за третиот квартал.

Мета платформата, компанија порано позната само како Facebook, го имаше најлошиот ден на берзата во четвртокот, откако пријави редок пад на профитот и стагнација на број на корисници.

Покрај катастрофалниот извештај за заработка, Мета за прв пат откри и колку пари троши за преселба на метаверс.

Компанијата, исто така, објави благ, но впечатлив пад на дневните корисници на Фејсбук во споредба со претходниот квартал.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote