Доколку си фан на Punisher, тогаш сигурно те интересира кога може Marvel да ја продолжи франшизата. Се шпекулира дека Netflix и Marvel постигнале договор за стриминг платформата да може да ги користи правата на Punisher за уште 2 години. Епа тој договор истекува следната година.

Според информациите Marvel ја разгледува можноста да ја продолжи серијата веќе од 2021, а главниот лик да го толкува Jon Bernthal. Иако откажувањето на серијата беше големо разочарување за фановите како и тимот поврзан со серијалот, новите информации ни даваат надеж за подобра иднина на Punisher и се надеваме дека планот на Marvel ќе се оствари.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…