in ,

Што?Што?

Научници тврдат дека создале маска што го НЕУТРАЛИЗИРА КОВИД-19

Истражувачите од Националниот автономен универзитет во Мексико направија маска за лице која благодарение на нанослојот од сребро и бакар го неутрализира вирусот САРС-КоВ-2, кој го предизвикува КОВИД-19, објави Универзитетот.

Научниците трослојната антимикробна маска за лице ја нарекоа SakCu. Sak на мајански јазик значи сребро, а Cu е хемискиот симбол за бакар. За да ја тестираат маската научниците зеле капки од вирусот од пациенти позитивни на КОВИД-10 во болницата Хуарез во Мексико и ги ставиле на сребрено-бакарен слој ставен во полипропилен.

Од Универзитетот велат дека ако концентрацијата на вирусот е висока, вирусот исчезнува за над 80% за околу 8 часа, а ако вирусното оптоварување њ ниско, за два часа не е откриен ниедна РНК од вирусот. После допирот со нанослојот од сребро и бакар мембраната на САРС-КоВ-2 пука и нејзината РНК е оштетена. Затоа, дури и ако на SakCu не се одржува хигиената на непрописен начин, тоа нема да претставува проблем затоа што не останува загадена како многу маски кои се фрлаат.

Маската за лице може повторно да се користи и може да се пере до 10 пати без губење на биоцидните својства. Универзитетот не ја произведува маската за масовно производство и рече дека моментално има капацитет за производство на 200 маски дневно.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote