in

Мата останува во Јунајтед до 2022 година!

Хуан Мата потпиша нов едногодишен договор со Манчестер Јунајтед и ќе остане на Олд Трафорд до јули 2022 година.

33 годипниот светски шампион претходно имаше договор со Јунајтед, но истече на крајот на јуни. Веќе подолго време траеја преговорите за нов доховор, но сепак на крајот Мата одлучи да остане во Манчестер деветта сезона по ред.

Во официјалното соопштение од клубот стоеше: „Манчестер Јунајтед со задоволство сака да ве извести дека Мата потпиша едногодишен договор и останува на Олд Трафорд до 2022 година“. Мата се приклучи на Јунајтед од Челси во 2014 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote