Боксерската легенда Флојд Мејведер потврди дека ќе се врати за да се бори со јутуберот Логан Пол во меч кој треба да се одржи во Фебруари. Боксерот, 43, се согласи на битката откако Логан го предизвика минатиот месец, велејќи дека ќе го „скрши од ќотек“ во улична тепачка.
Мејведер има совршен рекорд во неговата кариера од 50 победи и 0 порази. Тој му даде до знаење на јутуберот дека не се плаши од него и му вети дека ќе добие ист третман како и Конор Мегрегор, кој беше поразен од Мејведер во 2017. Мечот е закажан за 20ти Фебруари и ќе биде достапен за гледање на ТВ екраните.
Коментари
Loading…