Валтер Форбс бил студент на Колеџот Џексон во 1982 година. Тој имал соништа што сакал да ги оствари во животот откако ќе дипломира. Една вечер истата година, Валтер се обидел да смири тепачка во еден бар, но не знаел дека тоа ќе му го промени животот засекогаш.
Следната вечер Форбс бил застрелан, а мажот кој го сторил тоа бил пронајден мртов. Бидејќи тој и Форбс претходно биле замешани во тепачката, полицијата претпоставила дека Форбс го сторил делото.
Но Форбс, кој сега има 63 години беше неодамна пуштен од затвор после 37 години робија, откако еден од сведоците на неговото судење признал дека лажел. „Не мислев дека ќе треба волку долго за правдата да биде задоволена, но моето трпение се исплати“ изјави Валтер Форбс.
Коментари
Loading…