in

WTFWTF Што?Што?

Неверојатно: Маж преживеал 11 дена на отворено море, го спасил замрзнувач

Рибарот Ромуалдо Родригез успеал да преживее 11 дена на отворено море, така што се качил на превртен замрзнувач.

Овој Бразилец пловел покрај брегот на Француска Гвајана во дрвен чамец, но во еден момент вода почнала да влегува во неговиот брод и набрзо потонал, пренесува “Mirror”.

За ситуацијата да биде уште полоша, Родригез не знае да плива, но спас му донел замрзнувачот кој го имал на бродот на кој минал 11 дена без храна и вода. Посла тоа кај брегот на Суринам го забележал екипаж на друг брод кој го извлекол од водата.

Во разговор со новинарите открил дека мислел дека ќе го нападнат ајкули, бидејќи на отворено море има многу “љубопитни риби”.

Родригез истакнал дека за 11 дена на море изгубил речиси пет килограми, бидејќи немал ни храна ни вода.

„Овој замрзнувач е мојот Бог, моето чудо“, рекол Родригез.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote