Маж во Бразил се оженил самиот со себе откако неговата свршеница го оставила пред свадбата. Докторите Диого Равело и Витор Буено се вериле минатиот Ноември и тревало да направат свадба овој месец. Но после неколку кавги ова лето, Витор го напуштил Диого во Јули. Типично за ваквото сценарио, Диого требало да ја откаже свадбата, но тој се одлучил да ја одржи и да се ожени самиот со себе!
Така и беше, 33 годишниот Диого се ожени самиот со себе во Итакаре, северно источната провинција на Бразил – Бахија. Оваа специјална свадба го чинеше докторот неверојатни 47 илјади фунти и сите 40 повикани гости учествуваа во неа. Во интервју за Глобо тој изјави: „Ја анализирав ситуацијата скоро еден месец и одлучив дека морам да се сакам и да се почитувам себеси, па се одлучив да не ја откажувам свадбата и да се оженам самиот со себе.“
Коментари
Loading…