Информацијата дека ќе се снима спин-оф серија на Star Wars за популарниот лик Obi-Wan Kenobi беше објавена уште во 2019 година на стриминг платформата Disney+. Сега, според изворите, серијата ќе започне со продукција за брзо време.

На социјалните мрежи се појави фотографија од актерот Ewan McGregor и неговите развиену мускули. Фановите веднаш започнаа со шпекулации дека глумецот започнал со подготовки за серијата и дека снимањето ќе започне наскоро. Сеуште нема официјална потврда од Disney, но по сите изгледи ќе ја добиеме наскоро.
Коментари
Loading…