in

СлаткоСлатко

Мед и лук – решаваат настинки и сезонски вируси

Наполнете една тегла со излупен лук што сте го смачкале малку за да го испушти сокот и прелијте со домашен мед

 

Студените денови допрва доаѓаат, а со нив доаѓа и времето на настинки и сезонски вируси.

Наместо индустриски додатоци и лекови, ви предлагаме да барате решение во природата и да направите добар народен лек, советуваат експертите.

 

Лукот одамна е познат по своите неверојатни антиинфламаторни ефекти, и популарно се нарекува природен антибиотик.

Исто така, медот е еден од најздравите природни производи за телото, така што комбинацијата на лук и мед сигурно ќе биде победник.

Пречка при користење лук е непријатниот мирис и тежок вкус, но во комбинација со мед, ќе биде помалку зачинет и нема да мириса силно.

Лукот во мед е одлична алатка за борба против вируси, настинки и грип, како и зајакнување на имунолошкиот систем, а лесно се подготвува.

Наполнете една тегла со излупен лук што сте го смачкале малку за да го испуштите сокот, и прелијте го со домашниот мед. Затворете ја теглата и чувајте на ладно место.

Повремено нежно протресете ја теглата и јадете по потреба.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote