in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Направете вкусно медено срце! Посен колач што се топи во уста

Доколку ви се допаѓа комбинацијата од цимет, џем и чоколадо, направете го овој колач, по стар рецепт.
Меко, сочно и воздушесто Медоно срце се прави лесно. Изненадете го вашето семејство или гости со овој деликатес кој не бара многу труд.

Состојки:

2,5 чаши брашно
1,5 чаши шеќер
1,5 чаши кисела вода (или млеко)
1 чаша џем од кајсии
2 лажички сода бикарбона
2 лажички цимет
1 лажица какао

За премачкување:

8 лажици џем од кајсии
100 гр чоколадо

Глазура:

100 гр чоколадо
4 лажици зејтин

Подготовка:

Измешајте брашно, шеќер, цимет и какао

Посебно измешајте кисела вода и џем. Мешајте додека не се стопи.

Во него додадете сода бикарбона. Промешајте.

Сето тоа измешајте го со сувите состојки.

Истурете ја смесата во плех со димензии 33х23 см. ( подмачкајте го листот за печење)

Смесата треба да биде потенка, за да може лесно да се истури во тавата.

Колачот се пече во загреана рерна на 200 C. Се пече околу 15 минути.

Извадете, премачкајте со џем.

Џемот треба да биде мек за лесно да се премачка (ако не е, во џемот додадете неколку лажици топла вода)

Чоколадото изрендајте го преку џемот.

Вратете ја тортата да се пече. Печете уште 15 минути.

Испечениот колач извадете го од рерна, прелијте го со чоколадо што сте го стопиле со масло.

Изладете ја тортата пред послужување.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote