in

Италијанските меидуми: Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан!

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со италијанскиот клуб, пренесува „Кориере дела Сера“.

39-годишниот фудбалер ќе остане на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната 2021/22, со плата од 7 милиони евра.

Актуелниот договор на Ибрахимовиќ со Милан истекува на 30 јуни годинава.

Искусниот напаѓач одигра 14 натпревари оваа сезона и постигна исто толку голови во Серија А Според некои информации, Златан наскоро би можел да се врати во репрезентацијата на Шведска за која играше од 2001 до 2016 година.

Росоњерите по 26 кола се втори во италијанскиот шампионат со шест бода помалку од водечкиот Интер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote