in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

МЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА СПОРЕД ДЕНОВИ И ПЛАН: Ова е совршено време за промена на исхраната! (МЕНИ)

Медитеранската исхрана е омилена на многумина бидејќи е флексибилна, богата со вкусна храна и здравствени придобивки.

Што е медитеранска исхрана?

Медитеранската исхрана е стил на исхрана кој се заснова на традиционалната исхрана на медитеранските земји како Шпанија, Франција, Италија и Грција. Истражувачите забележале дека луѓето во овие земји имаат помала стапка на хронични болести, а тоа го припишуваат на нивната единствена исхрана, пишува Healthline.

За разлика од другите популарни диети, медитеранската диета се фокусира на вклучување на одредени видови храна и групи на храна, наместо да брои калории. Здрави масти, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки, мешунки и цели зрна се само некои од клучните компоненти на медитеранската исхрана.

 

Како да се придржувате до медитеранската исхрана?

Медитеранската исхрана се фокусира главно на хранливи материи како овошје, зеленчук, здрави масти и цели зрна. Иако се фокусира првенствено на растителна храна, други состојки како живина, морска храна, јајца и млечни производи се исто така присутни. Оваа диета се води со избегнување на преработена храна, како и дополнителни шеќери. Покрај промените во исхраната, редовната физичка активност е уште една клучна компонента на медитеранската исхрана, пишува Healthline.

Пример за тридневно мени на медитеранската исхрана

Ден 1

Појадок: вегетаријански омлет со спанаќ, домати и печурки

Ручек: Грчка салата со пилешко, фета, маслинки, краставици и домати

Вечера: риба на лимон со брокула и кафеав ориз

Ден 2

Појадок: овесна каша со јагоди, боровинки, ореви и цимет

Ручек: пилешко

Вечера: Лазања од цели зрна со гарнир

Ден 3

Појадок: грчки јогурт со семе од чиа и сецкани банани

Ручек: тиквички полнети со мелено месо, киноа, пиперки, домати и сос од маринара

Вечера: некој вид риба

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote