in ,

СлаткоСлатко

Меган и Хари конечно ја покажаа ќеркичката Лилибет (ФОТО)

Меган Маркл и принцот Хари ја објавија првата фотографија со нивната ќерка Лилибет „Лили“ Дијана, како дел од божиќната честитка за 2022 година, објавена шест месеци по раѓањето на нивното второ дете.

На фотографијата се гледа како Меган (39) ја држи својата ќерка во воздух, додека Хари (36) седи до нив со првороденото дете, двегодишниот син Арчи Харисон.

Хари, Меган и Арчи носат фармерки на семејниот портрет направен од фотографот Алекси Лубомирски во текот на летото, додека Лили носи бел фустан што одговара на кошулата на нејзиниот постар брат.

„Оваа година, ја пречекавме ќерката Лилибет“, стои во честитката. „Арчи нè направи „мама и тато“, а Лили нè направи семејство.“

 

Меган и Хари го добија своето девојче на 4 јуни во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

„Таа е повеќе отколку што некогаш можевме да замислиме, и ние сме многу благодарни за љубовта и молитвите упатени до нас што ги почувствувавме ширум светот“, се вели во соопштението на семејството од Сасекс.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote