in ,

Меки и вкусни лепчиња со маслинки

Неодоливо вкусни – крцкави а внатре меки

Потребни состојки:

  • 500гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 150гр сецкани маслинки
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 250мл топло млеко
  • 70мл масло
  • 2 јајца
  • сусам

Начин на подготовка:

Ставете го квасецот во млако млеко, додадете лажичка шеќер и малку брашно и почекајте да надојде.

По 10-тина минути, во посебен сад измешајте брашно и сол, а потоа додајте го квасецот, ситно исецканите маслинки, 1 јајце, маслото и измешајте со преостанатото млеко за да го изедначите тестото.
Оставете го тестото да нарасне. Поделете го на помали парчиња и обликувајте топчиња со саканата големина.
Ставете ги топчињата на садот за печење обложен со хартија за печење и оставете да се одмори уште 15 минути додека рерната да се загрее.
Премачкајте ги со јајце и наросете со сусам.
Печете околу 25-30 минути на температура од 200 степени.

Добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote