in

Џон Мекинро верува дека Ѓоковиќ може да ги освои сите гренд слема оваа година!

NOVAK DJOKOVIC (SRB) TENNIS - FRENCH OPEN - ROLAND GARROS - ATP - WTA - ITF - GRAND SLAM - CHAMPIONSHIPS - PARIS - FRANCE - 2021 © TENNIS PHOTO NETWORK

Легендарниот тенисер Џон Мекинро тврди дека Новак Ѓоковиќ може да го освои „златниот слем“ оваа година.

Новак, кој е на првата позиција на АТП ранг листата, неодамна го освои Ролан Гарос и Вимблдон , а претходно славеше и на Австралија Опен. Србинот изјави дека целта му е да го освои златниот слем oдносно да победи на Олимписките игри и на УС Опен.

Според легендарниот амеркиански тенисер, Џон Мекинро, единствената пречка на Ѓоковиќ до златниот слем е неговата физичка состојба. Мекинро тврди дека Новак е најдобриот тенисер на сите времиња на бетон и може да го освои златниот слем оваа година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote