in

Мемфис Депај пристигна на Камп Ноу!

Барселона конечно го потврди трансферот на 27-годишниот холандски фудбалер Мемфис Депај, кој пристигнува на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Депај веќе потпиша договор, но тој и официјално ќе стане каталонски играч на 1 јули, кога официјално истекува неговиот договор со Олимпик Лион.

Депај е третиот фудбалер кој пристигна во Барселона како слободен агент во овој преоден рок. Пред него договорите ги потпишаа поранешните фудбалери на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро. Пристигна и Емерсон Ројал, но тој играше како позајмен играч за Бетис во претходниот период.

Најголемата работа околу доведувањето на Депај ја заврши неговиот сонародник и поранешен тренер, а сега тренерот на Барселона, Роналд Куман. Сепак, Депај потпиша само двегодишен договор, откако беше објавено дека двете страни не се согласиле целосно за должината на договорот.

Депај има 27 години и досега играше за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и Лион.

Тој во моментов учествува на ЕУРО 2020 со репрезентацијата на Холандија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote