Моменталниот светски шампион во конструкторите, Мерцедес, ќе му понуди на Роман Грожан приватен тест на нивниот болид, доколку Французинот не успеаа да пронајде друг тим што ќе го стори истото. По несреќата што се случи во Бахреин, Грожан изрази желба уште еднаш да вози F1 болид пред да се пензионира.
Французинот доживае изгореници на неговите раце, откако неговиот Хас ВФ-20 се преполови по ударот во оградата за време на трката во Бахреин и веднаш се запали. Тој се надеваше дека ќе може да вози во Абу Даби, но пред неколку дена се откажа од тоа за да го зачува своето здравје.
Коментари
Loading…