Луис Хамилтон се врати во неговиот болид откако доби негативен тест на коронавирусот за последната трка во сезоната во Абу Даби. Тој ја пропушти минатата трка која се одвиваше во Бахреин, откако се зарази со Ковид-19, а негова замена беше Џорџ Расел.

Неговиот тимски колега Валтери Ботас, се најде на првата позиција на вториот тренинг на патеката Јас Марина, а Хамилтон веднаш зад него. Валтери во интервјуто после тренингот изјави: „Мило ми е што го гледам здрав (Хамилтон). На никој не би му посакал да се зарази со вирусот“.
Коментари
Loading…