in

Мерцедес повлече возила поради дефект во системот за итни повици!

Повеќе од 1,3 милиони возила на Mercedes-Benz ќе бидат повлечени, бидејќи системот за итни повици може да испрати погрешна локација по несреќата поради грешка во софтверот.

Производителот на автомобили ја донесе таа одлука по несреќата што се случи во Европа кога автоматскиот систем испрати погрешна локација на возилото.

За време на истрагата што започна во октомври 2019 година, откриени се повеќе слични случаи, но според портпаролот на компанијата, никој во САД.

Mercedes-Benz ќе повлече голем број возила од 2016 до 2021 година, вклучувајќи ги класите CLA, GLA, GLE, GLS, SLC, A, GT, C, E, S, CLS, SL, B, GLB, GLC и G.

Daimler најави дека ќе ги повлече и автомобилите Метрис 2016-2020 и Спринтер 2019-2020.

Mercedes-Benz најави дека ќе ги информира засегнатите сопственици и ќе ги ажурира софтверските системи бесплатно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote