in

Меркел како никогаш досега: на работ на солзи молеше – и „тресна тупаница“ на маса

Иако Германија е земја која во моментов има некои од најстрогите мерки во Европа за да се спречи ширењето на коронавирусот, бројките во таа земја не се намалуваат.

За време на вчерашната дебата во парламентот за државниот буџет за следната година, канцеларката Ангела Меркел одржа многу необичен и емотивен говор за овие мерки.

Со еден сугестивен говор, канцеларката се обиде да укаже на потребата да се воведат уште построги мерки на територијата на целата земја, за ограничувања на јавниот живот што е можно побрзо.

Меркел гестикулираше нетипично за време на говорот, удираше, па дури и скоро молеше.

“Има само 14 дена до Божиќ – само 14 дена! Мораме да сториме се што е во наша моќ, за да не се вратиме во ситуација на експоненцијален раст на бројот на заразени. Јас Ви велам: ако сега имаме премногу контакти до Божиќ, тогаш ова ќе ни биде последниот Божиќ што го поминавме со нашите баби и дедовци, а тоа значи дека направивме нешто погрешно. Не треба да го дозволуваме тоа, дами и господа! “, се изјасни Ангела Меркел.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote