in

MЕРКЕЛ ПОВТОРНО СО СТРОГИ МЕРКИ „Неможеме да вакцинираме доволно луѓе во првиот квартал“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги поддржа повиците за воведување на построги ограничувања на епидемијата на коронавирус во оваа земја, вклучително и затворање на продавници по Божиќ.

Меркел им порача на членовите на германскиот парламент дека вакцините нема да го променат текот на пандемијата во првиот квартал од следната година.

Најголемата европска економија е делумно затворена шест недели. Кафулињата и рестораните се затворени, но продавниците и училиштата се отворени. Тоа го запре експоненцијалниот раст на епидемијата, но дневниот број на инфекции сè уште е голем.

Меркел рече дека регионалните лидери треба да го следат советот на науката, кој ги повикува луѓето дополнително да го намалат обемот на контакти со другите.

  • Би било добро сериозно да го сфатиме она што ни го велат научниците. Ние нема да можеме да вакцинираме толку многу луѓе во првиот квартал од 2021 година – што е зимски квартал – за да видиме значителна промена – рече таа.

Според германскиот федерален систем, регионалните администрации имаат овластување да воведуваат построги ограничувања. Меркел долго време се залагаше за построги ограничувања, но некои покраински водачи даваат отпор, особено оние чии региони се помалку погодени.

Меркел рече дека училиштата треба да го продолжат празникот до 10 јануари или дотогаш да нудат часови преку Интернет.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote