in

ОЧИГЛЕДНО ЌЕ ПОТРАЕ! Мерките во Германија може да потраат до Март!

Хелге Браун, шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, изјави денес дека ограничувачките мерки воведени поради вирусот корона можат да останат на сила до март.

“Ни претстојат тешки зимски месеци. Ова ќе продолжи до март”, рече Браун.

Таа изрази оптимизам дека вакцинацијата на голем број луѓе ќе го олесни намалувањето на бројот на заразени во текот на пролетта.

Меркел во средата се согласи дека ограничувачките мерки ќе останат на сила до 20 декември, но дека ќе бидат ублажени за време на Божиќните празници.

Денес Германија забележа повеќе од 22 000 нови случаи на вирус, а скоро 390 луѓе починаа во изминатите 24 часа.

Вкупно, повеќе од 980.000 луѓе беа заразени во Германија, додека вирусот однесе повеќе од 15.000 животи.

Угостителските објекти во Германија се затворени, а од 1 декември ќе им биде дозволено да се соберат најмногу пет лица. За време на Божиќните празници, тој број ќе се зголеми на 10, не сметајќи ги децата.

Германските училишта сè уште работат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote