Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси официјално стана слободен играч на 1 јули односно денеска.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата му истече договорот со каталонскиот клуб, каде пристигна како тинејџер.
Сега сите опции се на маса, а најреално е дека Аргентинецот ќе остане верен на клубот за кој единствено играше во својата професионална кариера. Меси моментално е на Копа Америка, каде се обидува со Аргентина да стигне до првиот голем трофеј во репрезентативниот дрес.
Се очекува тој да ја донесе конечната одлука по континенталниот шампионат, а претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, исто така е многу оптимист за останувањето на Меси.
„Ние сакаме Лео да остане, а Лео сака да остане. Тоа е сигурно. Тука имаме многу потешкотии, пред се поврзани со финансискиот фер-плеј. Ние сме во процес на наоѓање на најдоброто решение за обете страни “, изјави првиот човек на каталонскиот клуб.
This is not a drill!
Lionel Messi – One of the world's greatest players is now officially a free agent. #bbcfootball
— BBC Sport (@BBCSport) June 30, 2021
Минатата година Меси постигна 30 погодоци и имаше 11 асистенции за Барса во Примера на 35 натпревари.
Коментари
Loading…