in

Меси го надмина голгетерскиот рекорд на Пеле!

Лионел Меси направи нешто незамисливо – го сруши рекордот на легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб.

„Волшебникот“ на Барселона го постигна 644-от гол за тој клуб во победата против Ваљадолид и тоа на еден многу убав начин!

Аргентинецот на тој начин стана рекордер по бројот на постигнати голови за еден клуб во историјата на фудбалот, откако ги тресеше мрежите на неверојатно ниво во претходните 15 години.

Колку е фантастично достигнувањето на Меси да направи таков рекорд, беше потребно некој да постигнува просечно 43 гола годишно во текот на цели 15 години.

Интересен е и податокот кој вели дека Педри кој исто така имаше придонес во триумфот над Ваљадолид (3:0), играч за врска кој пред нешто помалку од еден месец наполни 18 години, имаше само две и пол години кога Меси го постигна првиот од 644 голови за Барса, на 1 мај 2005 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote