Лионел Меси постигна два погодоци против Боливија и стана играч со најмногу настапи во дресот на Аргентина во историјата на државата.
Напаѓачот на Барселона, 34 го забележа својот 148 репрезентативен настап и го обори рекордот кој претходно му припаѓаше на Хавиер Маскерано. Меси во натпреварот против Боливија најрвин асистираше во шестата минута на Папу Гомез за 1-0.
Тој уште во првото полувреме стрелаше од белата точка а пред паузата го постигна и својот втор гол, 75ти во репрезентативниот дрес. Лаутаро Мартинез истотака погоди за Аргентина и ја продолжи нивната низа без пораз во последните 17 натпревари.