in

МЕСИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ: Бартомеу ме измами!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси (33) отворено зборуваше за неговиот однос со поранешниот претседател на каталонскиот клуб, Жозеп Бартомеу, во интервјуто за шпанската телевизија „La Sexta“.

Како што се очекуваше, Аргентинецот немаше убави зборови за поранешниот функционер на каталонскиот клуб.

– Претседателот Бартомеу не сакаше да ме пушти летово и започна да раскажува разни приказни за да ме направи негативец. Знаев дека ќе го добијам случајот доколку одам на суд, но не сакав да го напуштам клубот на таков начин. Бартомеу ме измами многу пати. Не можам да ви кажам што ми вети, но многу пати лажеше во текот на годините – рече Меси.

Меси е благодарен на Барселона за сè што му даде во животот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote