Има корисен ефект врз целокупното здравје на организмот
Во последниве години, честопати слушаме за тоа колку е важно правилното функционирање на цревата за целокупното здравје на нашиот организам, а клучниот збор што се споменува по тој повод се пробиотиците. По дефиниција, пробиотиците се живи микроорганизми кои имаат корисен ефект врз дигестивниот систем, како и врз имунитетот.
Билансот на цревната микрофлора е важен не само за да се избегне надуеност, гасови, запек и дијареја, туку и за сите други аспекти на нашето здравје. Главната состојка на овој пијалок е кефир, кој е богат со пробиотици, но и калциум, витамин Б12 и фосфор. Затоа има поволно дејство врз целокупната состојба на организмот.
Ако ви започнува утрото со овој пијалок, наместо кафе, вашето тело ќе ви биде благодарно. А еве го рецептот:
Состојки:
- 2 чаши кефир
- 1 чаша излупена и сецкана краставица
- 1/4 чаши свежи лисја од магданос
- сок од еден лимон
- 1/2 лажичка мелен ким
- малку сол
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
На здравје!
Коментари
Loading…