in

МЕСТО ОД СОНИШТАТА ЗА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ЖИВОТ! Каде е најдоброто место да ги поминете пензионерските денови? Се издвојува еден град од Балканот.

Пријатна клима, убавини на градот, зачувана природа, здрава храна и пристапни цени.

Реномираниот германски портал Фокус го вклучи Требиње на списокот на топ 10 светски градови за живеење во пензија.

Оценувајќи неколку параметри, порталот им го препорачува Требиње на своите сонародници од трето доба, како втор најдобар избор.

Пријатна клима, убавини на градот, зачувана природа, здрава храна и прифатливи цени, се само некои од причините што го поставија Требиње на самиот врв на светската топ-листа на најдобри градови за живеење по 60 години, според изборот на германскиот портал.

Германците, прецизно, математички, ги оценија параметрите кои влијаат на квалитетот на животот, а од максималните 100 поени на тој „тест“, на Требиње му дадоа 80,8 поени и високо второ место.

  • Ова не е случајно, ако ги земеме предвид критериумите за третото доба, бидејќи имаме одлична клима, локација, добри сообраќајни врски, прифатливи трошоци во однос на нивните пензии, здрава храна, пијалоци, зачувана природа. Сето тоа беше земено во предвид. Под нас се и другите градови од Турција, Индија, Бразил … Хрватскиот Осиек е на 10-то место – рече Вико, стручен соработник на Туристичката организација на Требиње.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote