in

Метеор го осветли небото над Јапонија! [ВИДЕО]

Силен блесок на метеор што паѓа го осветли небото над западна Јапонија, а таа сцена ја забележаа телевизиските камери и корисниците на социјалните мрежи.

Метеорот силно изгоре додека во неделата брзо минуваше низ атмосферата на Земјата.

Многу луѓе во западна Јапонија објавија на социјалните мрежи дека биле сведоци на оваа ретка глетка.

Телевизијата НХК изјави дека нејзините камери во префектурите Аичи, Мија и на други места снимиле огнена топка на небото.

Снимките од камерите во пристаништето Нагоја покажуваат метеор кој свети силно како полна месечина кога се приближува кон Земјата.

Некои експерти рекоа дека е можно мали делови од метеорот да паднале на земја.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote