in ,

Што?Што? ТаженТажен

Две недели бев во КОМА, зависноста ќе ме чинеше живот – Метју Пери отворено со нови детали за зависноста:

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери се отвори за неговата зависност од опијати и алкохол, што за малку ќе го чинеше живот. Актерот го призна ова во искрено интервју за магазинот People.

Сега трезен, саканиот актер, познат по неговата хит улога како Чендлер Бинг, детално ја прикажува својата децениска борба. Кога имал 49 години, Пери доживеал руптура на дебелото црево поради употреба на опијати.

„Лекарите му рекоа на моето семејство дека имам 2% шанси да живеам. Ме ставија на машина што прави целосна вентилација на срцето и белите дробови“, вели Пери.

 

Додава дека дури две недели бил во кома, по што следело повеќемесечно болничко лекување. Тој имаше вкупно 14 операции, девет месеци користеше кеса за колостома и 15 пати беше на рехабилитација.

Холивудската ѕвезда вели и дека решил да почека целосно да закрепне пред да ја раскаже својата приказна, бидејќи бил сигурен дека тоа ќе им помогне на многу луѓе.

Метју пробал алкохол за прв пат кога имал само 13 години. Почнал да зема опиоиди во 1997 година, кога му биле препишани такви лекови за ублажување на болката по несреќа со авион. Истата година влезе во клиника за рехабилитација.

На 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол почна да излегува на површина. Мислеше дека може да се справи, но „заглави во многу проблеми“ и тоа траеше 10 години. За време на неговите периоди на зависност, неговите колеги од „Пријатели“ беа „разбирливи и трпеливи“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote