in

MICROSOFT ОБВИНУВА: Русија и Северна Кореја се обидуваат да хакираат податоци за новата КОВИД вакцина!

Според компанијата Microsoft, хакери кој се финансирани од Русија и Северна Кореја се обидуваат да влезат во дигиталните системи на истражувањето за вакцината за коронавирусот. Техонолшкиот гигант, кој развива програми за сајбер обезбедување, тврди дека во петокот детектирал барем 2 хакерски групи “Fancy Bear” од Русија и “Zinc and Cerium” од Северна КОреја кој се обидувале да ги хакираат податоците на фармацевтските компании.

Таргетирани биле податоци за новите вакцини против КОВИД од државите: Канада, Франција, Индија, Јужна Кореја и САД. Ова не е прв пат Русија да биде обвинета за ваков потег. Во Јули, Велика Британија исто така ја обвини Русија за таргетирање на нивното истражување за вакцина, особено за она истражување кое се одвивало во Оксфорд.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote