in

МИЛАН БАРА ЗАМЕНА ЗА ИБРА: ОВА СЕ КАНДИДАТИТЕ!

Според италијанските медиуми новата повреда на Златан Ибрахимовиќ ќе го оддалечи најмалку еден месец од терените.

Се шпекулира дека како можна замена за Швеѓанецот во Милан се спомнува членот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ кој и претходно се поврзуваше со „росонерите“.

Доколку оваа зима успее да се договори со клубот од „Сан Сиро“, тогаш во нокаут-фазата на Лига Европа ќе се соочи со неговата поранешна екипа, Црвена звезда.

Сезонава Јовиќ во шпанската „Ла Лига“ има само четири настапи, без ниту еден погодок.

А покрај Србинот, калчолигашот на фудбалскиот пазар ја следи и ситуацијата со уште тројца играчи: Оливие Жиру (Челси), Одсон Едуар (Селтик) и Џанлука Скамака (Џенова).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote