Тренерот на Селтик беше задоволен со неговата екипа и покрај поразот од страна на лидерите на Серија А Милан во нивниот прв натпревар во групната фаза во Лигата на Европа кој се одигра во Гласгоу. Домаќините започнаа бледо и уште во првото полувреме губеа со 0-2 против Милан благодарение на головите на Круниќ и Диаз.
Екипата на Ленон влезе јако во второто полувреме со неколку замени и промена на играта и успеа да ја намали предностан на 1-2 преку голот на Елјунуси во 76тата минута. Но за жал не успеаа да го свртат натпреварот во своја корист и до крајот на мечот примија уште еден погодок и загубија со 1-3.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…