in ,

БИЛ ГЕЈТС НЕ Е ПОВЕЌЕ ОПТИМИСТ: Милјардерот ја потресе светската јавност со нова изјава за короната.

Сопственикот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс верува дека „скоро сите“ вакцини за коронавирусот кои се во фаза на развој ќе бидат подготвени за употреба до февруари 2021 година.

Вакцините од Фајзер, Бајонтек и Модерна ќе бидат првите две одобрени од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), но Гејтс верува дека и другите вакцини – оние произведени од Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Новавакс – ќе се покажат ефикасни.

  • Скоро сите вакцини ќе бидат ефикасни до висок степен. „Мислам дека постои голема веројатност дека сè ќе испадне да биде ефикасно и безбедно“, рече Гејтс.

Иако вели дека е оптимист, Гејтс предупредува дека претстојната зима ќе биде тешка за многумина.

„Постојат добри причини да се биде многу загрижен во следните шест месеци“, рече тој.

Извештајот на советничката организација САГЕ, по нарачка на британската влада, проценува дека, според „најлошото“ сценарио, дури 85.000 луѓе во таа земја може да умрат од Covid-19 оваа зима. Извештајот се заснова на предвидувањата дека владините мерки за следење на контактите, самоизолацијата и карантинот ќе бидат ефективни само 40 проценти во контролирањето на ширењето на вирусот во јавноста. Сепак, авторите признаваат дека вистинскиот исход е „многу неизвесен“.

Дури и ако мерките бидат укинати, авторите на извештајот ги повикуваат луѓето да бидат разумни и да не се мешаат со другите, освен ако не е апсолутно потребно. Самиот Гејтс вели дека Денот на благодарноста ќе го прослави на 26 ноември без гужви, со видео врска со членови на семејството. Тој ги повика Американците да носат маски и да ги почитуваат мерките за дистанцирање се додека не се направи вакцината.

  • Бидете сигурни дека никој од вашето семејство не е последната жртва на оваа пандемија се додека вакцината не пристигне на пролет, кога бројките ќе почнат да паѓаат – рече тој.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote