Бурклин Нетс ја поминаа првата рунда од разигрувањето во НБА лигата без премногу мака.
Бруклин играше против Бостон Селтикс, и во само 5 натпревари со резултат 4-1 се пласираа во втората рунда од плеј-офот. Триото на Нетс, Харден, Ирвинг и Дурент, се покажа како пресилно за хендикепираните „Келти“.
Во втората рунда од плеј-офот, екипата од Бруклин ќе се сретне со Милвоки Бакс, предводени од Адетокумпо. Милвоки со 4-0 ја победи екипата на Мајами во претходната рунда. Ова е прв пат од 2014 година, екипата на Бруклин да стигне до втората рунда од разигрувањето.