in

Милвоки ќе игра конференциско финале!

Џанис Антетокумпо со своите 40 поени и помогна на својата екипа да стигне до полуфиналето на плејофот.

Милвоки Бакс успеаја да ги исфрлат Бруклин Нетс и покрај тоа што беа големи фаворити за освојувањето на НБА титулата оваа сезона. Кевин Дурент постигна 48 поени и ја однесе играта во овертајм, но ниту тоа не беше доволно за победа.

„Сакам да бидам најдобар. Имавме се што требаше за да ги победиме Бруклин. Моравме да дадеме се од нас, знаевме дека ќе биде напорен и тежок натпревар.“ изјави најдобриот кошаркар на Милвоки, Антетокумпо.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote