in

Милвоки ја прегазија Атланта во вториот натпревар во полуфиналето!

Џанис Адетокумпо постигна 25 поени во победата на Милвоки Бакс против Атланта Хокс со резултат 125-91 во вториот наптревар од полуфиналето на НБА лигата.

Двократниот МВП Адетокумпо и Џру Холидеј беа ѕвездите на вечерта и го решија натпреварот уште во третата четвртина. Тие не влегоа во игра во последната четвртина од натпреварот.

Ова не беше вечер на ѕвездата на Атланта, Тре Јанг. Јанг уфрли само 15 поени. Тој во првиот натпревар кој и припадна на Атланта успеа да постигне 48 поени. Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра на домашниот терен на Хокс.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote