in

Милвоки ќе играат прво финале во НБА по 1974 година!

Милвоки Бакс стигнаа до своето прво НБА финале по 1974 година откако ја победија Атланта Хокс во полуфиналето на плеј-офот.

Бакси ја забележаа својата четврта победа во серијата со резултат 118-107 во шестиот натпревар. Крис Мидлтон постигна 32 поени и Џру Холидеј уфрли 27 поени што беа доволни да надокнадат за отсуството на Џанис Адетокумпо.

Тие во финалето ќе ги одмерат силите со Феникс Санс. Првиот натпревар е закажан за раните утрински часови во среда. Мидлтон беше клучниот играч повторно за Милвоки откако постигна 16 поени во низа во третата четвртина и го зголеми водството на неговиот тим.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote