in

Министерката за здравство која промовираше домашен лек против вирусот, излезе позитивна на коронавирусот!

Министерката за здравство на Шри Ланка, која пиеше и промовираше специјален сируп за заштита од вирусот на корона, излезе позитивна на тестот за Ковид-19.

Здравствен службеник потврди дека министерката Павитра Ванијарацичи станала највисокиот функционер во таа земја заразена со вирусот. Таа и нејзините најблиски контакти отидоа во самоизолација.

Лекарите рекле дека нема научна основа дека сирупот направен од лекар е лек за вирусот корона. Медиумите јавуваат дека сирупот содржи мед и морско оревче.

Илјадници се собраа во декември во селото Бандара, северо-источно од главниот град Коломбо, за да го набават сирупот, само неколку дена откако го пиеше министерот и неколку други државни службеници.

Производителот на сируп рече дека ја добил формулата „преку неговите божествени моќи“. Во тамошните медиуми тој тврди дека хинду-божицата Кали се појавила пред него во сон и му дала рецепт за да го спаси човештвото од вирусот корона.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote