in ,

WTFWTF Што?Што?

Мистерија – Влегол во тоалет на авион и никогаш не се вратил

Некои мистерии никогаш нема да бидат решени, а една од нив е за патник во авион кој исчезнал сред лет и никогаш повеќе не бил пронајден.

На 29 април 1968 година, авионот „ДЦ-3“ полетал од Илиноис кон Далас во Тексас, а меѓу патниците се наоѓал и Џеролд Потер, 53-годишен маж кој неодамна добил унапредување во компанијата за продажба на осигирувања.

Во еден момент Потер тргнал кон тоалетот, а ѝ кажал на сопругата дека се враќа за момент, но тој никогаш повеќе не се појавил.

По неговото заминување следеле турбуленции во авионот, а Џеролд не се појавувал уште 20 минути, по што неговата сопруга се загрижила.

„Ве молам, погледнете што го задржа мојот сопруг во тоалетот? Веќе долго време го нема“, биле зборовите на неговата жена.

Стјуардесата тргнала кон тоалетот, по што забележала дека го нема и го повикала копилотот за да проверат што се случува.

Двајцата заедно го прегледале делот од авионот каде што се наоѓал и откриле дека едната врата е отворена, а бидејќи не била под голем притисок, не била направена штета. Ланецот со кој била прицврстена се откачил и пилотот заклучил дека господин Потер најверојатно при турбуленциите некако испаднал од отворот.

Една недела по инцидентот била направена потрага по Потер на теренот каде што испаднал од авионот, но телото никогаш не му било пронајдено.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote