Мјанмар им нареди на мобилните оператори да го блокираат пристапот до Twitter и Instagram.
Норвешкиот мобилен оператор Теленор објави дека државата Мјанмар испратила дирекција до таа компанија, според која е наредено да се блокираат социјалните мрежи Twitter и Instagram на територијата на Мјанмар. Не е познато колку долго оваа одлука ќе важи, бидејќи не е наведено во директивата.
Објавувањето доаѓа еден ден откако властите во Мјанмар одлучија да им наложат на провајдерите на интернет да ја блокираат социјалната мрежа Facebook.
Facebook е популарна социјална мрежа во Мјанмар, а соборената влада комуницира со своите приврзаници на тој начин. Теленор Мјанмар, кој е дел од норвешката група Теленор, рече дека ќе се придржува до наредбата, иако е загрижена дека со тоа ќе се нарушат човековите права.
Коментари
Loading…