in

Модриќ останува во Реал Мадрид!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ соопшти дека ќе ја продолжи соработката со Реал Мадрид и следната сезона.

На крајот на овој месец истекуваше тековниот договор кој го имаше Лука Модриќ со кралскиот клуб, но тој одлучи да остане во Рреал на уште една година, до летото 2022. Хрватот со Реал Мадрид 4 пати ја освојуваше ЛШ, а во неговиот „кабинет“ има уште и титула од клупското светско првенство, шпанскиот куп, Ла Лига и Суперкупот.

Тој се пресели на Сантиаго Бернабеу од Тотенхем во 2012 година. Најголемо достигнување во белиот дрес на Модрич му беше освојувањето на Златната Топка, а во репрезентативниот дрес финалето на Светското Првенство во 2018 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote