in

Едно момче во Канада пронашло редок скелет на диносаурус стар 69 милиони години!

12-годишно момче во Канада открило скелет на диносаурус стар 69 милиони години додека пешачело. Младиот аматерски палеонтолог ја истражувал областа Алберта, која е богата со фосили, со неговиот татко во јули, кога видел стари коски како излегуваат од карпата, а денес завршило ископувањето на скелетот на диносаурусот.

Нејтан Храшкин раскажа како тој „буквално останал без зборови“ кога ги видел коските.

„Бев толку шокиран што не бев ни возбуден, иако знам дека требаше да бидам“, изјави момчето за Би-Би-Си.

Нејтан, кој е заинтересиран за диносаурусите од шестгодишна возраст, често оди на пешачење со својот татко во заштитено подрачје на Канада. „Отсекогаш сум бил фасциниран од тоа како нивните коски се претвораат во камен“, рече тој.

Пред една година, Нејтан и неговиот татко пронашле мали остатоци од фосили за кои неговиот татко претпоставувал дека паднале од карпа над нив, па момчето сакало повторно да го истражи местото.

„Се чинеше дека коската е направена од камен, излегуваше од карпата“, рече Дион Храшкин, таткото на момчето.

Бидејќи момчето било запознаено со фактот дека фосилите биле заштитени со закон, веднаш штом се вратиле дома, тие го известиле надлежниот музеј. Тие ги замолиле да испратат фотографии од откритието и GPS координати.

По нивната најава, експертите откриле помеѓу 30 и 50 коски кои припаѓале на еден млад хадросаур, за кој се проценува дека бил стар околу три или четири години. “Порано бев како повеќето деца и омилен диносаурус ми беше тираносаурусот рекс. Но, сега омилен ми е хадросаурусот”, рече Нејтан и додаде дека едвај чека да го види неговото откритие во музејот. Ова откритие е исто така важно за музејот, бидејќи фосилот, стар околу 69 милиони години, е многу ретко откритие.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote