Младо момче во петокот вечерта околу 19:45 часот намерно ја турнал жената на шините на метро станицата Рожие во Брисел, но, за среќа, возот успеал да застане на време.
Тој ја турнал жената на шините додека возот влегувал во станицата, но набрзина ѝ помогнале случајни минувачи, потврдија од бриселската компанија за јавен превоз СТИБ, која управува со метрото.
„Возачот реагираше многу добро, но е во шок, како и жртвата“, изјави за Brussels Times.
На снимката од видео надзорот се гледа како сторителот, млад човек, оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади кон шините.
(⚠️Vidéo choc)
Tentative de meurtre dans la station de métro Rogier à Bruxelles ce vendredi vers 19h40. pic.twitter.com/dT0ag5qEFu— Infos Bruxelles🇧🇪 (@Bruxelles_City) January 14, 2022